Најмалку 36 полицајци повредени во судири со демонстранти во Индија

Од:

Најмалку 36 полицајци се повредени во судири со демонстранти кои бараа ослободување на луѓето уапсени за време на претходните протести против проектот за пристаниште од 900 милиони долари на бизнис групацијата Адани во јужната индиска држава Керала, потврдија локалните власти.

Растечкото незадоволство поради проектот предизвикува големи проблеми за Адани и неговите деловни активности, кои се проценуваат на околу 23 милијарди долари.

Локацијата на ова пристаниште на југот на Индија се смета за клучна за бизнис со пристаништата во Дубаи, Сингапур и Шри Ланка.

Изградбата на пристаништето Вижињам е запрена повеќе од три месеци бидејќи демонстрантите, главно од рибарската заедница, ги блокираа влезовите со порака дека градежниот и развојниот проект носи ерозија на крајбрежјето и ги лишува рибарите од егзистенција.

Во текот на викендот, демонстрантите спречија градежни возила на Адани да влезат во пристаништето, и покрај судската наредба да се дозволи продолжување на работата, што доведе до бројни апсења.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени