Најмалку 30 проруски сепаратисти се убиени во минофрлачки напад врз регионот Александровка во Луганската област во источна Украина, јави ИТАР-ТАСС.
Борците на самопрогласената „Луганска Народна Република“ загинале, откако камион со кој патувале бил цел на минофрлачки напад.
Судирите меѓу украинската армија и сепаратистите продолжуваат во регионот на преминот „Изварино“, додека борби се водат и во неколку населени места во Луганската област.