Најмалку 30 цивили загинаа во бомбадирање во источна Украина

Од:

Најмалку 30 цивили, меѓу кои и деца, се убиени во воздушен напад на украинската војска врз градот Горловка, во источна Украина изјави Едуард Басурин, заменик-командантот на силите на самопрогласената Доњецка Народна Република.

Басурин истакна дека голема штета е причинета на инфрастуктурата на градот, како и врз станбените објекти, додавајќи дека нападот се случил вчера прв пат од летото минатата година.

– Киев вчера попладне употреби воени авиони, прв пат од минатото лето и бомбардираше станбени квартови во Горловка, изјави тој.

Басурин изјави дека само една од бомбите од типот ФАБ-500 тежи 500 килогами и оти радиусот на ударот во густонаселените места не е помал од 200 метри.

Тој додаде дека украинската воена команда прв пат преземала тактика на нанесување слепи напади врз населени места.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми