Најмалку 29 лица загинаа во израелски напад врз училиште во Кан Јунис

Од:

Најмалку 29 лица загинаа денеска во израелски напад врз училиштето Ал-Авда во Кан Јунис на југот од Појасот Газа, каде раселените Палестинци бараа засолниште, а меѓу жртвите има најмногу жени и деца, соопшти Канцеларијата за медиуми во Газа.

Во соопштението се наведува дека овој напад следел откако израелската армија нападнала уште шест кампови за раселени лица во централните области на Газа и дека најмалку 60 лица биле убиени во последните неколку часа, според Ал Џезира.

„Овој напад доаѓа во време кога здравствениот сектор во Газа во урнатини продолжува да пропаѓа, бидејќи израелските сили принудија неколку болници да ги прекинат услугите“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа