Најмалку 24 лица убиени при гранатирање на камион со повредени опозиционери во Доњецк

Од:

Најмалку 24 лица се убиени при гранатирање на камион со повредени опозиционери во Доњецк, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на дописник на Петтиот канал, што се нашол на местото на несреќата.

Дописникот по телефон објаснил дека камионот бил цел на напад со гранати. Според него, сите што биле во камионот се загинати, а станува збор за најмалку 24 лица.

Информацијата за гранатирање на камион, што превезувал повредени луѓе во текот на борбите на аеродромот во Доњецк, е потврдена од прес-службата на самопрогласената Доњецка народна република.

Во меѓувреме во градот Мариупол било нападнато седиште на самопрогласената Доњецка народна република. Засега нема информации за жртви и повредени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми