Најмалку 20 Палестинци загинаа во израелските напади врз Џабалија

Од:

Најмалку 20 Палестинци загинаа, а десетици се повредени во израелски воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.

Жителите изјавија дека тенковски гранати паднале врз центарот на кампот и дека во воздушните напади биле уништени голем број куќи.

Според сведоштвата на жителите на Џабалија и медиумите под контрола на групата Хамас, израелски тенкови се обидуваат да се пробијат до центарот на бегалскиот камп.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги интензивираа нападите врз бегалскиот камп Џабалија, додека продолжуваат со воздушните напади на истокот на градот Рафах. ИДФ го бомбардира и источниот дел на градот Рафах на југот на Појасот Газа, а неговите тенкови се наоѓаат во близина на патот Салахудин.

Хамас соопшти дека неговите членови се борат против ИДФ источно од Џабалија, каде Израел вели дека се обидува да го спречи Хамас да ги обнови своите борбени способности.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа