Се стравува дека најмалку 20 лица загинале во пожар во ученички дом во рамките на училиштето во Махдија, во централниот дел на јужноамериканската земја Гвајана, јавува Би-Би-Си.
Пожарот избувнал нешто по полноќ, а поради лошите временски услови се уште траат напорите за негово гаснење, соопшти Владата.
Уште неколку луѓе се повредени, а некои се подготвуваат за евакуација во главниот град Џорџтаун, каде што е формиран специјален центар.
„Ова е голема катастрофа. Страшно е, болно“, рече претседателот на Гвајана, Ирфан Али.