Најмалку 20 лица загинаа при напад во Мариупољ, Украина бара итна седница на СБ на ОН

Од:

Бројот на жртвите во денешниот артилериски напад во украинскиот град Мариупољ достигна 20 лица, изјави началникот на обласната управа при Министерството за внатрешни работи во Доњецката област, Вјачеслав Аброскин.

Се очекува бројот на загинатите да се зголеми, а полицијата целосно го блокирала реонот на нападот и продолжува со истрагата.

Претходно Градскиот совет на Мариупољ соопшти дека се убиени 16 лица, а 83 се повредени.

– Украина побара од Советот за безбедност на ОН да свика итна седница поради ситуацијата во Мариупољ, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук на денешната седница на оперативниот штаб.

Тој, исто така, свикал средба и на амбасадорите на земјите од Г-7, како и на државите-членки на СБ на ОН.

Двете страни во украинскиот конфликт меѓусебно се обвинуваат за крвавиот напад.

Украинското МВР ги обвини проруските сепаратисти дека нападнале станбен комплекс во градот, додека властите во самопрогласената „Доњецка Народна Република“ ги отфрлаат ваквите тврдења.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина