Најмалку 18 загинати како последица на обилните дождови во Индија

Од:

Невообичаено задоцнетата сезона на дождови предизвика големи штети во делови од северна Индија, а како последица на обилните врнежи изминатите 24 часа загинаа 18 лица, додека во прекин е наставата во неколку градови.

Жртвите настрадале во одделни несреќи, меѓу кои има и случаи на давење и на струен удар. Три лица загинале при уривање на зграда во Њу Делхи при силен дожд, но не е јасно дали дождот бил причина за уривањето.

Дождовите што не запираат и предизвиканите поплави минатиот месец создадоа хаос во индиските градови, вклучително и во технолошкиот центар Бенгалуру во јужна Индија и деловната област Гуруграм во близина на Њу Делхи.

Сезоната на дождови во Индија обично завршува во средината на октомври.

Инаку, квалитетот на воздухот во Њу Делхи е значително подобрен благодарение на врнежите за време на викендот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени