Најмалку 12 цивили и четворица сепартистички борци загинаа во артилерски напади во Доњецк во последниве 24 часа, соопшти денеска претставникот на проруските сепаратисти во овој источноукраински град, Едуард Басурин.
Според него, како што јави ТАСС, при нападите на украинските сили врз Доњецк се повредени најмалку 13 лица.
Басурин ги обвини украинските сили дека во изминатото деноноќие 20 пати го прекршиле примирјето, нагласувајќи дека најголем дел од овие прекршувања биле извршени во реонот на аеродромот крај Доњецк и во предрадието Авдеевка.
Лидерот на сепаратистите од Доњецк, Александар Захарченко информира дека во согласност со сепаратистичките лидери од Луганск од вчера прогласиле „режим на молк“ во басенот Донбас, согласно кој, по пет дена би требало да почне и повлекување на артилериското и другото тешко оружје.
Од друга страна, гувернерот на Доњецк, Алекдандар Кихтенко, кого неодамна го именуваа властите во Киев, соопшти дека украинската Влада и сепаратистите во петокот вечерта потпишале договор за воведување на „режим на молк“ долж линијата на разграничување меѓу судрените страни.
Украинските власти и проруските сепаратисити на 5 септември во Минск потпишаа Протокол за мирољубиво решавање на конфликтот во источна Украина од 12 точки, со кој меѓу останато, се предвидува прогласување на прекин на огнот, размена на заробеници и дислоцирање на оружјето со калибар од над 100 милиометри на оддалечност од најмалку 15 километри од линијата на разграничувањеи
Според податопците на ОН, во судирте во источна Украина загинале околу 3.500 лица, а стотиона илјади ги напуштиле своите домови.