Најмалку 15 загинати во напад врз болницата во Доњецк

Од:

Болницата во Доњецк, на истокот на Украина, денеска е погодена со артилериска граната, при што најмалку 15 лица се убиени и има голем број повредени, јави „Раша тудеј“ (РТ).

– Во болницата има повеќе жртви. Според првичните податоци, повеќе од 15 лица погинаа, изјави локален претставник, кој нагласи дека болница е во пламен.

Во гранатирањето се повредени и голем број луѓе, наведе Роман Косарев, дописникот на РТ од Доњецк.

Во овој пладневен артилериски напад оштетени се и една станбена зграда во близината и високонапонски далновод, па сега целиот регион е без струја.

Градскиот совет претходно со соопштение наведе дека дистриктот Текстилшчик во Доњецк денеска на пладне е гранатиран и дека една од гранатите паднала врз локалната болница.

Доњецк, што се наоѓа под контрола на проруските сили, секојдневно е под удар на украинската артилерија и нападите продолжија и во текот на „тенкото“ примирје, што беше прогласено во септември, а борбите беа интензивирани во јануари, кога пропадна примирјето. 

Би можело да ве интересира

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Русите ја преминаа границата кај Доњецк

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски