Најмалку 15 патници денеска загинаа, а шест се сериозни повредени откако автобусот со кој патувале паднал во бездна во индискиот регион Кашмир.
Полицискиот претставник Мубашир Латфи изјави дека сообраќајната несреќа се случила во близина на градот Раџури во индиската држава Џаму Кашмир, околу 140 километри северозападно од градот Џаму.
Во автобусот имало 35 луѓе. Инцидентот се случил откако возачот изгубил контрола над автобусот.