Најмалку 14 Палестинци загинаа, меѓу кои девет деца, за време на израелско бомбардирање во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Ал Џезира.
Според истиот извор, израелските сили ја нападнале куќата на семејството Салах западно од Кан Јунис.
Во меѓувреме, израелската армија (ИДФ) објави дека во Кан Јунис, резервисти на бригадата Киријати упатиле борбен авион да мета на тројца оперативци на Хамас кои се обиделе да постават бомба во близина на израелските сили, според Тајмс оф Израел.
Израелските сили убиле уште двајца вооружени борци на Хамас кои се криеле во блиската зграда, а бомбардер на ИДФ погодил складиште за оружје на Хамас во Кан Јунис.