Најмалку 13 лица загинаа во бомбардирање на зграда во Алепо

Од:

Најмалку 13 лица загинаа во напад на борбени авиони на режимските сили во северниот град Алепо, кога целосно е уништена зграда во непосредна близина на полската болница на бунтовниците, соопштија денеска сириските активисти.

Рами Абдул Рахман од невладината сириска организација Опсерваторија за човековите права изјави дека во синоќешниот напад загинале две деца и еден лекар од болницата Дар ал Шифа.

Во таа зграда некогаш работела приватна клиника, а сега на бунтовниците им служи како полска болница во која се лекуваат и цивили.

Абдул Рахман додаде дека најмалку десет борци се убиени, додека децата и лекарот, кои загинале во моментот на нападот се наоѓале на улица.

Друга група на активисти, Комитет за локална координација потврди дека синоќа е бомбардирана зграда, наведувајќи дека во неколку напади вчера во Алепо загинаа 40 лица.

Комитетот не соопшти колку луѓе настрадале во нападот на болницата.

Од почетокот на избувнувањето на судирите во Сирија во март минатата година загинаа околу 37 илјади лица.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад