Во денеска соборениот украински воен хеликоптер, што го погодија проруските сепаратисти загинала 12 украински војници, јавија западни медиуми.
Украинскиот хеликоптер „Ми-8“ беше погоден од пренослива противавионска ракета во близина на прорускиот бастион Славјанск, изјави во Парламентот украинскиот в.д. претседател Олександар Турчинов.
Турчинов првично соопшти за 14 загинати, но подоцна Националната гарда го поправи и соопшти дека загинале 12 лица и дека еден е тешко повреден.
Меѓу загинатите е и генералот на украинската армија Серхиј Кулчицки.