Најмалку 12 работници загинаа, а 13 се повредени при уривање на ѕид во фабрика за пакување сол во западна Индија, соопштија локалните власти.
Работниците кои пакувале вреќи биле пронајдени закопани под урнатините на ѕидот на фабриката во округот Морби, изјави локален функционер.
Тој додаде дека акцијата за спасување е при крај и оти повредените не се во животна опасност.
Други детали сè уште не се познати, а властите ги истражуваат причините за уривањето на ѕидот.
Извор: МИА