Најмалку 11 лица загинаа во обилните дождови и поплавите во покраината Санси во северозападниот дел во Кина.
Локалните власти соопштија дека од дождот се погодени околу 569.000 луѓе, додека материјалната штета се проценува на најмалку 1,75 милијарди јуани (околу 285,5 милиони американски долари).
Според последните податоци, обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето во одделни подрачја, каде се урнати 939 куќи, додека околу илјада се значително оштетени.
Во обилните дождови и поплавите од почетокот на годината во Кина загинаа 337 луѓе. Кинеската управа за превенција од поплави и суши соопшти дека големото невреме и снегот на почетокот на јули негативно влијае на 27 милиони луѓе во 26 кинески покраини.