Најмалку 11 лица загинаа во лавина во индискиот дел на Кашмир

Од:

Во лавина во индискиот дел на Кашмир загинаа најмалку 11 лица, од кои едно е двегодишно дете, соопштија локалните власти.

Од лавината биле затрупани два автомобила. Лавината паднала во реонот на Садха Топ во округот Купуара, а екипи на полицијата, армијата и спасувачките служби извадиле 11 мртви тела, меѓу кои пет жени и двегодишно дете.

Спасувачите успеале безбедно да спасат две деца.

Лавините се чести појави во хималајскиот реон Кашмир, кој е разделен меѓу Индија и Пакистан. Во 2012 година лавина во пакистанскиот дел на Кашмир уби 140 луѓе, вклучувајќи 129 војници.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија