Најкрвавиот ден во Сирија, убиени 305 лица

Од:

Повеќе од 305 луѓе биле убиениво Сирија вчера, па овој ден е „прогласен“ за најкрвавиот ден во 18-месечниот бунт, соопшти денеска Организацијата за човекови права.

Бројот на убиените во борбите помеѓу владините и бунтовничките сили, се уште не е дефинитивно определен, затоа што според некои пресметки тој изнесува дури 343 жртви од незаштитеното цивилно население.

Светските лидери се состанаа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, но без никаков знак на консензус за тоа како да се стави крај на насилството во овој регион.

Дејвид Камерон, премиерот на Британија, ги обвини Русија и Кина поради нивното блокирање на резолуцијата на Советот за безбедност. Тој ја имаше и поддршката од новиот претседател на Египет, Мохамед Морси, кој побара на посилни санкции кон Сирија.

Но, Морси, од друга не го „слушна“ повикот на емирот од Катар за воена интервенција од страна на државите од Арапската лига, а состанокот на земјите од Блискиот Исток, „квартетот“ Египет, Саудиска Арабија, Турција и Иран, беше откажан затоа што турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, одлучи да не патува во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад