Најголемиот јапонски производител на електрична енергија потпиша договор со Русија

Од:

Најголемиот јапонски производител на електрична енергија „ЈЕРА“ потпиша договор со новиот оператор на енергетскиот проект „Сахалин-2“ во Русија, за да го зачува долгорочниот договор за набавка на течен природен гас, изјави денеска портпаролот на јапонската компанија.

Претставникот на „ЈЕРА“ во изјавата за медиумите појасни дека главните услови на договорот, како што се обемот, цената и валутата на плаќање, останале исти како и во претходниот договор.

Рускиот претседател Владимир Путин во јуни потпиша указ за преземање на проектот „Сахалин-2“ на рускиот далечен исток. Со уредбата е основана нова руска компанија „Сахалинскаја енергија“ што ги презеде сите права и обврски на претходниот оператор – „Сахалин енерџи инвестмент“ во која британскиот „Шел“ и две јапонски компании – „Мицибиши“ и „Мицуи“ имаа нешто помалку од 50 проценти од акциите.

Руски „Газпром“ доби повеќе од половина од сопственоста во новата компанија, која ги држи преостанатите акции додека постоечките акционери не го побараат својот удел во фирмата.

Претставниците на „Мицубиши“ и „Мицуи“ денеска соопштија дека одлучиле да се приклучат на новиот руски субјект што управува со „Сахалин-2“, како и оти ќе поднесат барања за својот удел во акциите до предвидениот рок што истекува на 4 септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови