Вооружените сили на Русија ги започна досега најголемите воени вежби од распадот на поранешниот Советскиот Сојуз.
Во маневрите во Сибир и на Далечниот Исток учествуваат 160.000 војници, околу 5.000 тенкови, десетици бродови и 130 авиони. Вежбите се дел од мерките за зголемување на мобилноста и воената способност на руските Вооружени сили.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги следи дел од вежбите на островот Сахалин во Тихиот Океан.
Маневрите започнаа во петокот и ќе траат до крајот на неделата. Тие се спроведуваат на територија, која вклучува неколку часовни зони. Воени единици се распореени на локации оддалечени илјадници километри од нивните касарни.
Рускиот заменик министер за одбрана Анатолиј Антонов ги увери странските воени аташеа во Русија дека вежбите се дел од рутинска обука и не се насочени против никоја земја.