Во Тајван денеска започнаа најголемите воени вежби со боева муниција од 2008 година, во кои учествуваат повеќе од 7.000 војници кои симулираат одбрана од кинески напад.
Петдневните годишни маневри под името „Хан Куанг 29“ се изведуваат на островот Пенгху, во средниот дел на теснецот од 160 километри кој го одвојува Тајван од кинеското копно.
Во вежбите во кои учествуваат копнена војска, морнарица и авијација, се симулира одбрана на стратешки важниот остров од ненадеен кинески напад.