Повеќе од илјада цивили загинале во Донбас за два месеца, откако Киев презеде воена операција во источниот дел на Украина, се наведува во документот на проруските сили до парламентите на европските земји, Малезија, Австралија и САД.
– Во текот на овие два месеца од операцијата загинаа над 1.129 луѓе, меѓу кои 348 жени и 76 деца, се истакнува во документот.
Во него пишува дека е уништена инфраструктурата во повеќе градови во регионот, многу населени места останале без струја, вода и гас, стотици илјади луѓе останале без своите домови, а половина милион жители биле принудени да ја напуштат земјата.