Над 90.000 деца исчезнуваат во Индија секоја година

Од:

Секоја година во Индија исчезнуваат над 90.000 деца, а над 34.000 никогаш не се пронајдени, тврдат борците за правата на децата.

Некои родители велат дека изгубиле драгоцено време, бидејќи полицајците не го сфатиле сериозно исчезнувањето на нивните деца сомневајќи се дека побегнале, или одбиле да поднесат пријава.

Случајот на киднапирано и силувано девојче од пет години кое исчезна на 15 април по три дена е најдено во полусвесна состојба во куќата на осомничениот, е само најнов во низата такви случаи, велат организациите.

Родителите на девојчето, кои живеат во сиромашен кварт на периферија на Делги, велат дека во повеќе наврати ја молеле полицијата да ја регистрира нивната пријава и да почнат потрага, но тие го одбиле тоа.

Три дена подоцна, соседите слушнале дете како плаче заклучено во соба и ја искршиле вратата, а потоа го однеле злоставуваното девојче во полиција.

Комесарот на полицијата во Њу Делхи Нераџ Кумар призна дека локалната полиција
погрешно постапила во овој случај.

Формални полициски пријави се поднесени само на една шестина од сите случаи на исчезнати деца од 2011 година, изјави адвокатот на движењето „Да ги спасиме децата“.

Полицијата не сака да ги регистрира сите случаи, бидејќи сака да го задржи привидот на ниска стапка на криминал, а родителите често се премногу сиромашни за да можат да ги подмитат за да го променат ставот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати