Над 6.600 кандидати за пратеници на изборите во Украина

Од:

За предвремените парламентарни избори во Украина, кои се закажани за 26 октомври, се регистрирани 6.627 кандидати, од кои само 302 се членови на сегашната Врховна рада, соопшти денеска координаторот за парламентарни и изборни програми на Граѓанската мрежа „Опора“, Олга Ајвазовска.

Според неа, како што јави ИТАР-ТАСС, од актуелните пратеници 242 се јавуваат на изборите како кандидати на Блокот на Петро Порошенко, 26 на Блокот на Јулија Тимошенко и 23 на партијата Слобода.

Ајвазоска истакна дека како независни кандидати на изборите учествуваат уште 149 актуелни пратеници.

На партиските листи за изборите според пропорционалниот модел во просек има по 40 проценти кандидати кои се членови на партии, додека останатитите се незнависни, истакна Ајвазовска, нагласувајќи дека тука најмногу се истакува листата на Опозоцискиот блок, каде само два проценти од кандидатите се партиски членови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми