Над 20 жртви во денешните борби во Славјанск

Од:

Во интензивните борби меѓу украинските сили и проруски бунтовници во Славјанск на исток во Украина денеска загинаа повеќе од 20 луѓе, јави Раша тудеј.

Портпарол на седиштето на проруските бунтовници кои моментно го држат Славјанск под контрола изјави дека во најновите судири загинале 20 припадници на проруските сили.

Од друга страна украинското МВР соопшти дека во борбите во Славјанск денеска загинале четворица војници додека повеќе од 30 се ранети. Министерството додава дека и меѓу цивилите има жртви.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков кој се наоѓа во тој регион, потврди дека во денешните судири има жртви и истакна:

– Тие војуваат против нас, ја напаѓаат нашата територија. Мојата мисија е да ги елиминираме терористите. Аваков додаде дека украинските сили кои го стегаат обрачот околу Славјанск избегнуваат да пукаат кон цивили.

Властите на Украина одлучија привремено да ги затворат граничните премини со Полуостровот Крим се наведува во соопштение објавено на сајтот на владата во Киев. „Владата одлучи привремено да затвори гранични премини и пунктови кон Крим заради влошување на тамошната ситуација, упад на милитанти и екстремисти на територијата на Украина, како и поради воена агреција од Руската федерација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми