Над 20 странски лидери ќе учесвуваат на погребната церемонија на Фидел Кастро

Од:

Најмалку 25 странски лидери ќе присуствуваат на погребната церемонија на кубанскиот лидер Фидел Кастро, соопшти вчера кубанското Министерство за надворешни работи.

Погребната церемонија ќе се одржи на 4 декември. 

Во меѓувреме Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама нема да патува на Куба за погребот на Кастро. 

– Заменик-претседателот Џозеф Бајден исто така нема да присуствува, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Елисејската палата исто така соопшти дека францускиот претседател Франсоа Оланд нема да присуствува на погребот.

Франција ќе биде преставена од специјалениот пратеник на францускиот претседател за Латинска Америка, Жан Пјер Бел, како и од министерот за животна средина и енергетика Сеголен Ројал.

Би можело да ве интересира

Кастро го критикува Трамп, отфрла американски „лекции“

Наум Локоски

Кубанското раководство му одаде почит на Фидел Кастро – бели рози и заклетва на верност

Емир Латифовиќ

Фидел Кастро и Шинѕо Абе повикаа да биде уништен светскиот нуклеарен арсенал

Емир Латифовиќ

Фидел Кастро наполни 90 години, многу Кубанци не знаваат за живот без него

Емир Латифовиќ

Кастро: Не ги провоцирајте нуклеарните сили Русија и Кина

Емир Латифовиќ

Фидел Кастро се појави во јавноста на неговиот 90. роденден

Емир Латифовиќ