Над 10.000 украински војници дезертирале од почетокот на конфликтот

Од:

Од почетокот на кризата во југоисточна Украина на 24 април 2014 година дезертирале над 10.000 војници, пишува украински „Вести“, пренесува „Спутник“.

Најмногу дезертери имало во првиот круг на мобилизација и тоа околу 30 проценти од сите повикани, наведува украински „Вести“, повикувајќи се на информации од украинските воени сили.

Од почетокот на конфликтот во Украина имало шест бранови на мобилизација, со што бројот на војници во украинската армија е зголемен од 130.000 на 232.000 до крајот на 2014 година.

Голем број Украинци кои биле против мобилизација, ја имаат напуштено државата. Околу 1,3 милиони воено способни мажи моментално живеат во Русија.

Киев започна воена операција во регионот на Донбас против проруските сепаратисти, кои не ја признаваат новата украинска власт по пучот во кој беше соборен претседателот Виктор Јанукович.

Проруските сепаратисти се борат за независност на регионите на Доњецк и Луганск.

Според официјални податоци во судирите досега животот го имаат загубено 6.500 лица, додека според неофицијални информации бројот на жртви изнесува неколку десетици илјади.

Би можело да ве интересира

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел