На референдумот во Луганск меѓу 94 и 98 отсто од гласачите се изјасниле за независност

Од:

Организаторите на двата референдума во областите Луганск и во Доњецк во источна Украина изјавија дека околу 90 проценти од учесниците се изјасниле за независност.

Според првичните резултати меѓу 94 и 98 отсто од гласачите во областа Луганкс се изјасниле за независност.

Во Доњецката област се преброени сите гласачки ливчиња од референдумот за самоопределување, а резултатите се очекуваат во 13 часот.

– Преброени се сто проценти од гласачките ливчиња. „За“ гласаа 89,7 отсто, „против“ беа 10,19 отсто, а 0,74 проценти од гласачките ливчиња се невалидни, изјави претседателот на Централната изборна комисија на самопрогласената Доњецка република, Роман Лјагин.

На прашањето дали ќе има втор референдум, овој пат за приклучување кон Русија, градоначалникот на Славјанск, Вјачеслав Пономаров изјави дека за три дена „може да се организира секаков вид на референдум“.

Тој изјави дека во Славјанск избирачката активност на референдумот изнесувала околу 80 отсто.

Проруските сепаратисти, кои ги организираа двата референдума изјавија дека конечниот статус на двете области ќе биде одреден подоцна и тие не ја исклучија можноста за отцепување од Украина или за анектирање кон Русија.

Централните власти во Киев и Западот ги осудија референдумите, кои според нив претставуваат кршење на националите закони и на меѓународното право и ја обвинија Москва дека „додава масло во огнот“ со нејзината цел да заземе уште територии, по анектирањето на Крим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми