На чај во друштво на мртовци

Од:

Во земја како што е Индија каде религијата и реинкарнацијата се важен и низоставен дел од културата, не е ништо чудно што животот и смртта се сфаќаат на сосема поинаков начин отколку на Западот.

Но, сопственикот на еден локал во Ахмедабад сепак со своите сфаќања отиде чекор понатаму. Поточно, тој својот ресторан го изгради насреде муслимански гробишта.

Се чини дека тоа не им пречи премногу ниту на неговите клиенти, па ресторанот секој ден е преполн. Сопственикот на овој морничав ресторан Кришан Кути Наир смета дека локацијата му помогнала во работењето.

– Гробиштата носат среќа во работата. Луѓето можат да ги посетат починатите, а воедно и да испијат чај со нив, наглсува Наир.

Кога бил отворен, ресторанот „Њу Лаки“ се наоѓал покрај гробиштата, но бидејќи работата „убаво тргнала“, Наир морал да го прошири во правец кон гробовите.

Иако, Наир незнае со сигурност чие се гробовите што сега се дел од неговиот ресторан, сепак некои историчари сметаат дека им припаѓаат на роднини на светецот Суфиј од 16-от век.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати