Муџахедин осуден на смрт поради убиство на 17 лица во Индија

Од:

Судот во индискиот град Пуне, во државата Махараштра го осуди на смртна казна припадникот на фундаменталистичката група „Индиски муџахедини“, Химијат Бег поради учество во терористички акт, во кој во февруари 2010 година загинаа 17 лица.

Судот го обвини Бег за експлозија во ресторанот „Герман Бакери“, кога загинаа 17 лица, меѓу кои една Италијанка и еден Иранец, а повредени беа 60-тина, од кои 12 беа странски државјани.

Тој во текот на судската постапка изјави дека не е виновен и дека не заслужил таква казна, но судот не ја промени пресудата.

Бег е приведен во септември минатата година, а во неговата куќа е пронајдено 1,2 тони експлозивна материја.

Смртната казна треба да ја ратификува повисокиот суд, а осуденикот на крај ќе има можност да упати жалба до претседателот на државата и да побара милост.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати