Можно апсење на Трамп, полицијата подготвена за големи протести

Од:

Официјални лица во Њујорк и Вашингтон преземаат безбедносни мерки на претпазливост во случај потенцијалното обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп да доведе до масовни протести.

Во Њујорк, каде што се состанува големата порота како дел од истрагата за наводната улога на Трамп во исплатата на тајните пари на порно актерката Сторми Даниелс, се очекува сите полицајци во градот да бидат во униформа и подготвени да се распоредат, според информации на CNN добиени од анонимен извор.

Трамп очекува денеска да биде уапсен во случајот што го покрена окружното обвинителство на Менхетен и ги повика своите поддржувачи на протести.

Ако навистина биде уапсен, тоа ќе биде прв пат во американската историја поранешен претседател да биде обвинет за кривично дело.

Би можело да ве интересира

Судењето на Трамп за фалсификување деловни книги ќе започне во март 2024 година

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Новинар: Дали сакате Украина да победи? Трамп: Сакам луѓето да престанат да умираат

Ана Ололовска

Поротата одлучи – Трамп е осуден за сексуална злоупотреба

Горан Наумовски

Керол откри зошто веднаш не го пријавила Трамп за силување

Трамп го тужи поранешниот адвокат Коен за повеќе од 500 милиони долари

Популарноста на Трамп вртоглаво порасна, повеќето републиканци сакаат тој повторно да биде претседател

Ана Ололовска