Москва разочарана од попречувањето на истрагата на ОН во Сирија

Од:

Москва е исклучително разочарана поради тоа што истрагата на ОН за употреба на хемиско оружје во сирискиот град Алепо ја попречуваат политички игри, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Во повеќе наврати предупредувавме дека може да се јават различни провокации и инсистираме темелно да се истражи секоја информација за употреба на хемиски агенси, изјави Лавров.

Тој потсети дека Русија поддржала барање на сириската Влада ОН да испратат група експерти кои ќе го истражат инцидентот кој наводно се случил во близина на Алепо.

– Исклучително сме разочарани затоа што ОН заради политички игри, не можеа да одговорат на тоа барање брзо и прецизно, туку поставуваат услови кои се целосно неосновани и ја попречуваат почнатата мисија, додаде Лаворв.

Би можело да ве интересира

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца