Извесен напредок за сите основни прашања беше постигнат на вчерашната средба на министрите за надворешни работи на Русија, на Германија, на Франција и на Украина во Берлин, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
– Беше договорено да продолжи дијалогот во тој формат за подготвување на конкретнии предлози, кој ќе бидат претставени на лидерите на Русија, на Германија, на Франција и на Украина, се посочува во соопштението.
Министрите на средбата посебно внимание обрнале на прекин на воените дејствија, обезбедување контрола на границата, доставување на хуманитарна помош во југоисточна Украина и создавање на услови за отпочнување на процесот на политичко решение на кризата.