Москва: Полицијата ги претресе канцелариите на опозиционерот Ходорковски

Од:

Руската полиција извршила претрес во канцелариите на опозициската организација „Отворена Русија“, која се залага за демократски реформи и е основана од критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски.

Претресени се и канцелариите на неговиот портал „МБК Медиа“, јави Ходорковски на социјалните мрежи.

За време на претресот во зградата немало вработени.

Адвокатот на Ходорковски рече дека претресите очигледно се поврзани со апсењето на активист, кој соработувал со „Отворена Русија“.

Ходорковски беше мета и на рускиот државен регулатор за комуникации „Роскомнадзор“, кој претходно побара Твитер да ја блокира сметката на „МБК Медиа“ заради „кршење на законот“.

Овој поранешен нафтен магнат и некогаш еден од најбогатите Руси, е остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, поради што неколку години мина во затвор. Затворен беше во 2003 година поради затајување данок. Тој тврдеше дека обвинението е лажно и дека целта била власта да ги спречи неговите политички амбиции. Сега организацијата „Отворена Русија“ ја води од Велика Британија, каде што живее.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск