Московската полиција приведе 1.400 илегални имигранти

Од:

Московската полиција приведе 1.400 илегални имигранти во рамки на големата операција за откривање на етнички криминални групи, соопшти денеска прес-службата на полицијата.

Меѓу приведените најмногу има виетнамски државјани, дури 1.200, а откриени се и дваесетина различни илегални работилници, се додава во соопштението.

Приведени се и државјани на Египет, Мароко, Сирија, Узбекистан и Азербејџан. Одреден број од имигрантите имале фалсификувани пасоши. Кај некои од нив е пронајденo и огнено оружје.

Во акцијата учествувале повеќе од 900 припадници на московската полиција.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија