Морси и Марзуки ги поддржуваат сириските бунтовници

Од:

Претседателите на Египет и на Тунис, кои дојдоа на васт благодарение на бунтовите во нивните земји, изразија поддршка за сирискиот народ, но во исто време отфрлија странско воено вмешување против режимот на Башар ал Асад.

По синоќешната средба на египетскиот претседател Мухамед Морси со неговиот колега од Тунис Монсеф Марзуки во Каиро, тие истакнаа дека го поддржуваат сирискиот народ.

– Ние сме на страната на сирискиот народ, неговата борба и револуција. Ние сме против странско воено вмешување во Сирија, истакна Морси.

Марзуки посочи оти воена интервенција против режимот на Асад „само би ја влошило ситуацијата“.

Двајцата претседатели ги поддржаа и Палестинците и во исто време ги повикаа ривалските Фатах и Хамас на помирување.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад