Моќен нарко-бос кој имал врски со балкански криминалци е екстрадиран во САД

Од:

Водачот на еквадорската банда, Адолфо Масијас Виљамар, познат по прекарот Фито, е екстрадиран во Соединетите Американски Држави за да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје. Масијас беше повторно уапсен во јуни, речиси една година откако избега од затвор со максимална безбедност каде што отслужуваше 34-годишна казна за низа кривични дела.

Фито денес ќе се појави пред федералниот суд во Соединетите Американски Држави за да се изјасни за невин по обвиненијата за меѓународна трговија со дрога и оружје, изјави неговиот адвокат за Ројтерс.

Масијас имал врски со моќни криминални организации во Мексико и на Балканот. Тој е осомничен и за наредба за атентат врз претседателскиот кандидат Фернандо Виљавиченсио во 2023 година.

Бандата Лос Чонерос е обвинета за претворање на Еквадор од туристичка дестинација во една од земјите со највисока стапка на убиства во регионот.

Денес, повеќе од 70 проценти од светското производство на кокаин поминува низ еквадорските пристаништа. Земјата се наоѓа помеѓу Колумбија и Перу, двата најголеми извозници на кокаин во светот. Во јуни, полицијата го лоцираше Масијас во она што го опишаа како подземен бункер под луксузна вила во градот Манта.

По апсењето, тој беше префрлен во затворот Ла Рока, објект со максимална безбедност. Во тоа време, еквадорскиот претседател Даниел Нобоа ги пофали безбедносните сили за неговото апсење и објави дека ќе биде екстрадиран во Соединетите Држави. Еквадорската казнено-поправна служба (SNAI) објави дека Масијас е изнесен од затвор вчера наутро и предаден на американските власти.

„Масијас и јас ќе се појавиме утре пред федералниот суд во Бруклин, каде што тој ќе се изјасни за невин“, изјави вчера за Ројтерс неговиот адвокат Алексеј Шахт.

Еквадорците гласаа на референдум за да дозволат екстрадиција на своите граѓани, иницијатива на претседателот Нобоа, кој најави решителна борба против растечката стапка на криминал. Во март оваа година, Нобоа во интервју за Би-Би-Си изјави дека сака армиите на Соединетите Американски Држави, Европа и Бразил да му се придружат во војната против криминалните банди.

Би можело да ве интересира

Јапонија и САД потпишаа договор за обезбедување резерви за ретки минерали

ISW: Кремљ се обидува да ја искористи посетата на Кирил Дмитриев на САД за ширење пропаганда

Бесент: Русија ќе ги почувствува последиците од санкциите на САД

Горан Наумовски

САД не се откажуваат од самит со Русија: Сијарто потврди дека разговорите се во тек

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон ризикува енергетски удар поради санкциите врз Москва

Шпанија се предомисли, па одлучи да го финансира американско оружје за Украина