Мистериозно почина рускиот генерал кој ја знаеше тајната на Путин

Од:

Руски генерал кој чуваше тајни за палатата на Владимир Путин во Црното Море, вредна една милијарда фунти, мистериозно почина во затвор.

На генерал Генадиј Лопирев (69) во понеделникот ненадејно му се слошило, па лекарите му рекле дека му е дијагностицирана леукемија.

Сега постојат сомнежи дека бил отруен токму кога добил право на условен отпуст.

Во 2017 година, воениот суд го осуди генералот на десет години затвор, обвинувајќи го за примање мито и нелегално поседување муниција, дело што тој секогаш го негираше.

Додека служеше во Федералната служба за заштита, тој лично ја надгледуваше изградбата на гигантската палата Геленџик на Путин, приватна резиденција наводно изградена со државни пари.

Тој беше одговорен и за официјалната резиденција на Путин, Бочаров Ручеј во Сочи.

До неговото затворање, тој беше еден од најблиските безбедносни соработници на Путин, а беше виден со рускиот претседател и тогашниот британски премиер Тони Блер во Москва во 2002 година.

Смртта на Лопирев доаѓа откако уште еден руски генерал кој ја водеше инвазијата на Украина, почина сомнително оваа недела.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск