Мишел до Матарела: Не сте сами

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, испрати писмо до италијанскиот претседател Серџо Матарела, во кое, покрај сочувството и поддршката, тој на граѓаните на Италија им порачува дека „не се сами“.

„Италија и Европа ќе излезат од ова дури и посилни отколку што беа порано. Како што може да се слушне на сите страни на вашата убава земја: Се ќе биде добро“, напиша Мишел.
Тој во писмото до претседателот Матарела напиша дека цела Европа е во сериозна криза и дека Италија е на првата линија во борбата против ширењето на пандемијата низ целиот континент.

„Во исто време, гледаме со емоции и почит кон пионерската улога на италијанските власти во спроведувањето навремени, широки и социјално значајни мерки за спречување на ширењето на заразата“, наведе Мишел.

Тој истакна дека потезите на Италија може да бидат пример за другите во справувањето со пандемијата, додавајќи дека институциите на ЕУ работат со италијанските власти за да координираат поефикасно дејствување на ниво на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја како неоправдана агресија

Мишел најави нови санкции кон Русија

Европскиот совет до Русија: Воените злосторства мора да запрат

Мишел реизбран за претседател на Европски совет

А1он

ЕУ ниту го потврдува, ниту демантира наводниот нон-пејпер на Јанша

Велика Британија ќе започне со имунизација со вакцината на Оксфорд во јануари

Ана Ололовска