Мишел: Брод со украинско жито ќе се упати кон Африка

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел најави дека првиот брод со жито за Африка ќе ја напушти Украина како дел од Светската програма за храна.

Тој додаде дека бродот ќе натовари жито во едно украинско пристаниште, по што ќе се упати кон Етиопија.

Соработката на сите клучни актери е од клучно значење за да се избегне недостиг на храна и глад низ целиот свет, истакна Мишел.

Бродот ќе однесе повеќе од 23 милиони килограми жито од Украина во Етиопија, што ќе биде првиот чекор за ублажување на кризата со снабдување со храна предизвикана од руската инвазија врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Османи: Владата останува максимално посветена во реализација на полноправно членство до 2030 година

Катерина Ѓуровски

Мишел: Земјите-членки на ЕУ треба да дејствуваат заедно против енергетската криза

А1он

Мишел: ЕУ подготвена да спречи понатамошна ескалација на ерменско-азербејџанската граница

А1он

Претседателот на Европскиот совет во Киев: Во срцето на слободна и демократска Европа

Мишел најави нови санкции кон Русија

Мишел: Самитот е можност да се реафирмира европската перспектива на Западен Балкан