Британскиот принц Ендру наводно се „заклучил“ во куќата по новото објавување на документите на сексуалниот престапник Џефри Епстин, во кои се споменува врската на Ендру со покојниот американски милионер. Извор за лондонски „Мирор“ изјави дека „Ендру нема идеја како да одговори“ и дека не бил излезен откако се појавија сериозните обвинувања оваа недела за пријателите и познаниците на Епстин.
„Тој нема емоционална слобода да се справи со ова. Се заклучи во својата соба и не знае како да одговори. Ова го уништи“, рекол изворот.
Најголемата британска антимонархистичка група „Република“ го пријави принцот Ендру во лондонската полиција откако неодамна објави судски документи кои го поврзуваат со осудениот педофил Џефри Епстин. Војводата во неколку наврати одлучно ги негираше сите обвинувања против него.