Министерството за правда на САД потврди следење на приватна пошта на новинар

Од:

Американското Mинистерство за правда соопшти дека дало потврда за следење на приватната пошта на новинарот Џејмс Розен од телевизиската куќа „Fox News“, пренесуваат американските медиуми.

Во соопштението на Министерството за правда на САД, како што пренесуваат медиумите, стои дека детективите на американското Федерално истражно биро, добиле пристап до приватната пошта на новинарот согласно сите формалности.

Главниот осомничен во истрагата на ФБИ бил разузнавачкиот аналитичар Ким, но подоцна вниманието на детективите било свртено кон Розен, кој како што наведуваат, го поттикнувал Ким на откривање доверливи информации.

Истрагата се спроведувала во врска со доверливи информации поврзани со Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД