Портпаролот на Министерството за здравство на Газа, Ашраф Ал Кудра, денеска на прес-конференција изјави дека во болниците во Газа во изминатите 24 часа пристигнале 350 мртви и 900 повредени.
Тој рече дека од почетокот на војната во Газа, бројот на загинати се зголемил на 17.177, а бројот на повредени на 46.000.
„Израелските сили намерно гаѓаат амбулантни возила и тимови за цивилна одбрана. Се соочуваме со потешкотии во броењето на загинатите и ранетите поради континуираното бомбардирање и прекинувањето на комуникациите“, рече Ал Кудра, пренесе NBC News.
Тој нагласи дека „помалку од еден процент од вкупниот број ранети во агресијата го напуштиле преминот Рафах на лекување во странство, а зафатеноста на болниците во Газа достигна 206 проценти“.