Најмалку 9.061 лице се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, објави денес Министерството за здравство во Газа, кое е под управа на Хамас.
Меѓу убиените има 3.760 деца и 2.326 жени.
Според Министерството, повредени се околу 32.000 лица.