Најмалку 20 Палестинци загинаа денеска во израелски напад во близина на болницата Ал-Амал во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас.
Како што додава Министерството, голем број луѓе се ранети, јавува Ал Џезира, без да го прецизира нивниот број.
Палестинската Црвена полумесечина претходно објави дека во напад на израелската армија во Кан Јунис, во близина на градската болница Ал-Амал, загинале неколку луѓе.