Министерот за внатрешни работи на Јапонија поднесе оставка

Од:

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека ја прифатил оставката на министерот за внатрешни работи Минору Терада.

Терада поднесе оставка поради вмешаност во финансиски скандали, а Кишида изјави дека неговата замена ќе биде објавена утре.

Терада поднесе оставка откако јапонските медиуми претходно денеска јавија дека премиерот се подготвува да го смени.

Тој се најде на удар на критики поради неколку финансиски скандали и призна дека една од неговите групи за поддршка доставила документи за финансирање наводно потпишани од починато лице.

Ова е трет јапонски министер кој поднесе оставка во последниот месец.

Министерот за економска ревитализација Даиширо Јамагива поднесе оставка на 24 октомври, а министерот за правда Јасухиро Ханаши во средината на ноември.

Кишида рече дека ја прифатил оставката на Терада со цел да се даде приоритет на парламентарната дебата, вклучувајќи ја и расправата за вториот ребаланс на буџетот за фискалната година што завршува во март.

Коментирајќи го фактот дека тројца министри поднесоа оставки од 24 октомври, Кишида рече дека би сакал да се извини.

– Чувствувам голема одговорност, нагласи тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он