Министерот за одбрана на Словачка: Состојбата на премиерот Фицо е исклучително сериозна

Од:

Словачката влада одржа прес-конференција за нападот врз Роберт Фицo. Министерот за одбрана на земјата, Роберт Калинак, вели дека состојбата на Фицo е „исклучително сериозна“ и дека тој сè уште е на операција.

Тој вели дека премиерот претрпел „сериозна траума“ откако биле испукани „неколку истрели“, пишува Sky News.

„Неговото здравје е навистина сериозно, оваа ситуација е лоша“, рече Калинак и им се заблагодари на итните работници кои му помогнаа на Фицо.

На конференцијата зборуваше и министерот за внатрешни работи на земјата, кој вели дека прелиминарните информации „јасно“ укажуваат на политичка мотивација.

– Фицо беше застрелан пет пати, вели тој.

Во моментов немаме добри вести и надежта ја полагаме во рацете на лекарите специјалисти во болницата, рече Калињак.

Калинак рече дека операцијата сега трае три и пол часа, а повеќе медицински информации ќе има подоцна.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение против осомничениот за атентатот Фицо: Се товари за терористички напад

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Фицо: ЕУ мора да се оддалечи од војната во Украина и да стане суверена на своите позиции

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“