Мерц: Путин се подготвува за нова војна

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес оцени дека капитулацијата на Украина само ќе му даде време на рускиот претседател Владимир Путин да се подготви за следната војна.

– Оваа војна мора да заврши. Но, не по секоја цена. Не сакаме Украина да капитулира. Таквата капитулација само ќе ѝ даде време на Русија, а Путин ќе го искористи тоа време за да се подготви за следната војна – рече Мерц на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, францускиот претседател Емануел Макрон и молдавската претседателка Маја Санду во Кишињев, објавува Гардијан“.

Тој нагласи дека вратите на Европската Унија се отворени“ за Молдавија и вети дека ќе продолжи да ја поддржува земјата на овој пат колку што е можно повеќе“, вклучително и испраќање германски експерти за да помогнат во спроведувањето на реформите.

Коментирајќи ја загриженоста на Молдавија за агресивниот став на Русија и истакнувајќи ги обидите на Москва да се меша во молдавската демократија, Мерц истакна дека Европа останува доследна во зачувувањето на слободата и суверенитетот“.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, денес беше домаќин на тројца европски лидери, по повод 34-годишнината од независноста на Молдавија во 1991 година.

Би можело да ве интересира

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, порача Макрон пред средбата со Зеленски, Стармер и Мерц

Катерина Ѓуровски

Мерц ѝ порача на Србија: Мора да одлучите на која страна сакате да бидете

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват, вели премиерот за предлогот на Мерц

Катерина Ѓуровски

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски