Мерц интензивира дипломатски напори за замрзнатите руски средства пред самитот на ЕУ

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повторно ги повика лидерите на Европската Унија да постигнат договор за користење на замрзнатите руски државни средства за финансиска поддршка на Украина, прашање што се очекува да биде меѓу главните теми на претстојниот самит на ЕУ во Брисел.

Во обраќање пред пратениците, Мерц истакна дека Европската Унија мора да испрати јасен сигнал до Москва дека продолжувањето на војната против Украина нема смисла. Тој е меѓу најгласните поддржувачи на предлогот на Европската комисија, кој предвидува користење околу 210 милијарди евра руски средства замрзнати во ЕУ како гаранција за заеми наменети за помош на Украина во наредните две години.

Според германскиот канцелар, ваквиот чекор би ѝ овозможил на Украина да ја продолжи одбраната и да ја зајакне економската стабилност во услови на продолжен конфликт.

Сепак, Мерц оцени дека постигнувањето договор меѓу земјите членки е неизвесно, наведувајќи дека шансите за согласност на самитот се „педесет на педесет“. Белгија, каде што се наоѓа најголемиот дел од замрзнатите средства, изразува резерви поради правни и финансиски дилеми поврзани со нивното користење.

Би можело да ве интересира

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Мерц: „Светски поредок заснован на права и правила повеќе не постои“

Горан Наумовски

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц

Мерц: Се солидаризираме со Гренланд и Данска